Адвокатското Друштво БОНА ФИДЕ Скопје е основано преку интегрирање на четири адвокатски канцеларии во едно единствено адвокатско друштво чија рамка одредува посебно дефинирани специјализации на правната професија.

Современите текови кои наметнаа динамично работење на бизнис секторот ја наложуваат потребата од квалитетно и навремено опслужување на клиентите кои имаат потреба од решавање на правни прашања од различни сфери, застапување при склучување на различни бизнис операции, правна подршка на редовното работење како и при реализација на разновидни проекти и активности.

Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ имплементира модел на организациска поставеност кој овозможува уредна евиденција на сите предмети кои се земени во работа, роковите и работните обврски, што истовремено овозможува и изготвување на периодични и ажурирани извештаи за потребите на Адвокатското друштво како и потребите на нашите клиенти.