Во моментов, нашиот тим се состои од 4 ( четири ) адвокати со лиценца издадена од Адвокатската комора на Република Македонија. Покрај завршениот правен факултет и положениот правосуден испит, сите адвокати имаат посетувано дополнителни обуки, конференции и студиски посети во различни правни сфери, преку кои имаат стекнато нови знаења, вештини и практично искуство со цел подобро да дејствуваат како правни застапници на физички и правни лица.

Тимот на адвокати е поддржан од млад, динамичен и доброобучен тим на приправници – дипломирани правници и постдипломци на Правниот факултет Јустинијан Први Скопје.

ТИМ НА АДВОКАТИ

Жарко Хаџи-Зафиров

Г-дин Жарко Хаџи-Зафиров дипломирал во 2001 година на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Завршил Мастер студии во областа на индустриска сопственост и работните односи при Универзитетот во Каљари, Италија.

Г-дин Хаџи-Зафиров е лиценциран Медијатор и овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост.Член е на Македонската адвокатска комора од 2008 година.




Г-дин Жарко Хаџи-Зафиров е специјализиран за работа во следните области:

  • Управна постапка и управни спорови
  • Кривична постапка
  • Заштита на човековите права пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур
  • Животната средина и управување со отпад
  • Енергетско право
  • Заштита на правата од индустриска сопственост
  • Регулирање на престој на странски лица

Има искуство во реализација на многубројни проекти од меѓународен карактер, вклучително и учество во изготвување на законски и подзаконски акти. Говори Англиски и Италијански јазик.

Јасмина Брезовска

Г-ца Јасмина Брезовска дипломирала во 2003 година на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Во текот на 2001-2002 година, била на студиски престој на Универзитетот Аугсбург, Германија во сферата на ЕУ и меѓународното право.
Во моментот е на Мастер студии во областа на деловно право - работните односи на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Член е на Адвокатската комора на Р.М. од 2006 година.

.

Г-ца Јасмина Брезовска е специјализирана за работа во следните области:

  • Застапување во судски постапки (граѓански и стопански спорови)
  • Недвижности и градење
  • Стопанско право
  • Работни односи
  • Јавни набавки
  • Основање, промени, стечај и ликвидација кај правни лица како и статусни промени (спојување, поделби, преобразба)

Говори Англиски и Германски јазик.

Мишко Радосављевиќ

Г-дин Мишко Радосављевиќ дипломирал 2003 година на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Завршил Мастер студии во сферата на транспортот и логистиката и економските интеграции на Балканот при Универзитетот во Трст, Италија.
Член е на Адвокатската комора на Р.М. од 2007 година.





Г-дин Мишко Радосављевиќ е специјализиран за работа во следните области:

  • Застапување во судски предмети (граѓанско и кривично право)
  • Семејно и наследно право
  • Работни односи
  • Стопанско право
  • Осигурување
  • Телекомуникации и транспорт

Говори Англиски јазик.

Александар Кчев

Г-дин Александар Кчев дипломирал во 2003 година на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Член е на Адвокатската комора на Р.М. од 2009 година.







Г-дин Александар Кчев е специјализиран за работа во следните области:

  • Директни странски инвестиции
  • Деловно право
  • Концесии и јавно приватно партнерство
  • Заштита на конкуренција
  • Хартии од вредност

Говори Англиски јазик.


Катерина Митреска

Г-ца Катерина Митреска дипломирала во 2010 година на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Завршила мастер студии од областа Индустриска сопственост при Универзитетот Св. Кирил и Методиј и Универзитетот во Стразбург ( Центар за меѓународни студии по интелектуална сопственост).
Г-ца Катерина Митреска е овластен застапник за заштита на правата од индустриска сопственост.

Член е на Адвокатската комора на Р.М. од 2015 година.

Говори Англиски јазик.

Елена Кутревска

Г-ѓа Елена Кутревска дипломирала во 2011 година на Правниот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Член е на Адвокатската комора на Р.М. од 2015 година.

Говори Англиски јазик.

ТЕХНИЧКИ СЕКРЕТАР

Наум Ќука