ЗА НАС

Адвокатското Друштво БОНА ФИДЕ Скопје е основано преку интегрирање на четири адвокатски канцеларии во едно единствено адвокатско друштво чија рамка одредува посебно дефинирани специјализации на правната професија.

Современите текови кои наметнаа динамично работење на бизнис секторот ја наложуваат потребата од квалитетно и навремено опслужување на клиентите кои имаат потреба од решавање на правни прашања од различни сфери, застапување при склучување на различни бизнис операции, правна подршка на редовното работење како и при реализација на разновидни проекти и активности.
Разновидноста на знаењата стекнати од страна на секој адвокат поединечно овозможува да нудиме различни правни услуги кои меѓудругото опфаќаат: застапување на нашите клиенти пред надлежните судови и управни органи, изготвување на правни документи, правни совети, основање и промена на податоци кај трговски друштва, спојувања, поделби, преобразба и превземања на трговски друштва, стечај и ликвидација, корпоративно управување, конкуренција, осигурување, банкарство, интелектуална сопственост, работни односи, недвижности, градежништво и инфраструктура, енергетика и минерални суровини, и информатичка технологија.

Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ има воспоставено редовна соработка со реномирани адвокати и адвокатски друштва од Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Словенија, Чешка, Турција, Германија, Италија, Велика Британија и САД.

Со цел максимално ефикасен пристап во исполнувањето на потребите на клиентите, Адвокатското друштво има воспоставено соработка со нотарски канцеларии, извршителски канцеларии и овластени проценители.

Адвокатското друштво БОНА ФИДЕ имплементира модел на организациска поставеност кој овозможува уредна евиденција на сите предмети кои се земени во работа, роковите и работните обврски, што истовремено овозможува и изготвување на периодични и ажурирани извештаи за потребите на Адвокатското друштво како и потребите на нашите клиенти.
Како Адвокатско друштво кое овозможува сеопфатни правни услуги, наша цел е градење на професионална етика како една од темелните вредности на кои се заснова Адвокатското друштво а која произлегува и од самиот наш назив кој потекнува од латинскиот израз „bona fide“ што означува добра верба/намера, искрено и чесно постапување.